Заврши десеттата седница на Општина Охрид
Советот на општина Охрид, на денешната седница ја прифати предложената програма за измена и дополнување на програмата за работа во областа на располагање на градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2018. Не ја прифати Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за измена на статутот на ЈП „Градски гробишта“, а предлагачот ја повлече Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација,со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр. 697/3 КО Трпејца.