Заврши деветнаесеттата седница на Советот на општина Охрид
На денешната 19-та седница на Советот на oпштина Охрид, со мнозинство гласови беа изгласани сите 58 точки на дневниот ред.
Советниците ги усвоија Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за поттикнување на развојот на турузмот на општина Охрид за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за финасиските потреби на ТППЕ Охрид за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за заштита на животна средина и природа за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за млади и невладини организации за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2022 година (Т1); Предлог-Програмата за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2022-2024 година (НА); Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2022-2024 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за јавно осветлување за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2022-2024 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за одржување на јавна чистота за 2022 година; Предлог-одлуката за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2022 година и Предлог-oдлуката за донесување на буџетскиот календар.
Со мнозинство гласови беа усвоени и Предлог-oдлуките за усвојување на извештаите за работaтa на сите општински јавни претпријатија за периодот од 01.07. – 30.09.2022 година. Беа изгласани и Предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид број 02-688/6 од 29.03.2022 година; Предлог-одлуката за усвојување на оперативниот план за заштита и одбрана од поплави за загрозените подрачја на територијата на општина Охрид; Предлог-одлуката за давање во закуп на недвижен имот; Предлог-одлуката за изменување на Правилникот за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица; Предлог-одлуката за утврдување на критериумите и постапката за доделување еднократна парична помош за новороденче; Предлог-одлуката за прифаќање донација на спортска опрема и веслачки реквизити; Предлог-одлуката за пренесување на правото на користење спортска веслачка опрема и веслачки реквизити, сопственост на општина Охрид на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ – Охрид и Предлог-одлуката за утврдување престанок на важност на одлуки за донесување план за парцелација. и Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 4.32, ГП 4.33, ГП 4.34, ГП 4.35, ГП 4.36, ГП 4.37, ГП 4.38, ГП 4.39, ГП 4.40, ГП 4.41, ГП 4.42, ГП 4.43, ГП 4.44, ГП 4.45, ГП 4.46, ГП 4.47 и ГП 4.48, сите на кп.бр. 497 во КО Велгошти во ДУП за дел од МЗ-15ти Корпус во Охрид.
Советниците усвоија и 22 Предлог-одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти, една Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето, една Предлог-одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект и една Предлог-одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето.
WebOhrid / 15.11.2022 / Општина Охрид