Заврши фудбалското првенство 2017/18
Денес се одиграа натпреварите од 36-то последно коло од натпреварувачката 2017/18 во Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:
Академија Пандев 1:2 Силекс
Победа 1:0 Ренова
Работнички 3:2 Скопје
Шкендија 4:0 Пелистер
Шкупи 4:1 Вардар
Новиот шампион Шкендија веќе одамна се наоѓа на врвот од табелата, освојувајќи 91 бод оваа сезона, пред Вардар на второто место со 56 и Работнички на третото место со 52 бодови.
Најдобар стрелец оваа сезона беше Бесарт Ибраими со 23 постигнати голови, пред Ферхан Хасани со 22 голови, и Зоран Балдовалиев со 14 постигнати голови.
Тимовите на Скопје и Пелистер испаднаа од Првата лига, додека пак Победа ќе игра бараж за опстанок во Првата лига против второлигашот Борец.
# | Прва МФЛ 2017/18 | Натпревари | Победи | Нерешени | Порази | Голови | Бодови |
---|---|---|---|---|---|---|---|
1. | Шкендија | 36 | 29 | 4 | 3 | 101:27 | 91 |
2. | Вардар | 36 | 16 | 8 | 12 | 53:41 | 56 |
3. | Работнички | 36 | 14 | 10 | 12 | 50:43 | 52 |
4. | Шкупи | 36 | 13 | 12 | 11 | 51:46 | 51 |
5. | Силекс | 36 | 13 | 11 | 12 | 30:37 | 50 |
6. | Академија Пандев | 36 | 10 | 12 | 14 | 43:47 | 42 |
7. | Ренова | 36 | 10 | 11 | 15 | 36:53 | 41 |
8. | Победа | 36 | 10 | 8 | 18 | 36:56 | 38 |
9. | Скопје | 36 | 7 | 14 | 15 | 24:43 | 35 |
10. | Пелистер | 36 | 8 | 10 | 18 | 37:68 | 34 |
WebOhrid