23/11/2024
Охрид

Заврши осмата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид, денешната седница ја започна со презентација на проектот „Зајакнување на капацитетите на општинските совети“, а потоа беа прифатени одлуките за збратимување на Охрид со Велико Трново од Република Бугарија, извештајот за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на патиштата, програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2018 година, и годишниот план за вработување во општина Охрид за 2019 година.

Не беа прифатени, годишните извештаи за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01.2017 до 31.12.2017 година, за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01.2017 до 31.12.2017 година, за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2017 година, за работата на Територијалната противпожарна единица–Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, зелено светло доби извештајот за работењето на Одделението за даноци за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, а не беа прифатени извештаите за работењето на Одделението за комунални такси за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за 2017 година, за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2017 година, за работењето на Секторот за спорт, млади и невладини организации за периодот од 01.01.2017 до 31.12.2017 година и извештајот за работењето на Секторот за образование, детска, социјална и здравствена заштита за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година. Беше прифатен извештајот за работата на Одделението за култура за периодот од 01.01.2017 до 31.12.2017 година,а не поминаа извештаите за реализација на Развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2017 – 2019 за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, за реализација на Развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, за реализација на Развојната програма за јавно осветлување 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, за реализација на Развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување отпаднa водa 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година и извештајот за реализација на Развојната програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, за реализација на Развојната програма други комунални услуги за 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година и извештајот за реализација на Развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај 2017 – 2019 за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година.Беше прифатен извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.12.2017 година, не беа прифатени извештаите за работата на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените за 2017 година и за слободен пристап до информации од јавен карактер за 2017 година,а беа прифатени годишниот извештај и завршна сметка на Буџетот на единицата на локалната самоуправа општина Охрид за 2017 година и Извештајот за годишниот попис за 2017 година.

Не беа прифатени и извештаите за финансиското работење и годишните сметки за 2017 година на ОУ „Григор Прличев“, ОУ „Св.Климент Охридски“, ОУ „Братство – Единство“, ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец, ОУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани, ОУ „Кoчо Рацин“, ОУ„Живко Чинго“ с.Велгошти, ОСУ „Св. Климент Охридски“, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОУТУ „Ванчо Питошески“, ЈОУДГ за деца „Јасна Ристеска“, а беа прифатени извештаите на ОМУ „Методи Патче“ и ОЈУ отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“, Методологијата за распределба на блок – дотацијата за основно и средно образование во општина Охрид и Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион и тековното работење на Центарот за развој и финансискиот извештај за 2017 година.

Советот не ги усвои финансиските извештаи и годишниот извештаи за материјалното и финансиското работење за 2017 година на МЈП „Проаква“ – Струга, Работна единица Водовод – Охрид, ЈП „Билјанини извори“, ЈП „Грaдски гробишта“, ЈП „Охридски комуналец“, ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Градски пазар“, а ги прифатија одлуките за дополнување на Одлуката за разрешување и именување членови во управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈП „Градски пазар“, за разрешување и именување член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Градски гробишта“, за давање согласност на Одлуката за измена на статутот на ЈП „Нискоградба“, за задолжување на ЈП „Нискоградба“ со среднорочен кредит за набавка на комунални возила, одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „ Градски пазар“ и одлуката за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште.

Беа прифатени предлог-одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација,со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.132/1 КО Охрид 4, КП.бр.242 и КП.бр. 243 КО Долно Лакочереј, КП.бр.463/2 КО Охрид 4, КП.бр.463/4 КО Охрид 4, КП.бр.688/1 КО Рамне, КП.бр. 774 и КП.бр. 29/1 КО Косел, КП.бр.806 КО Љубаништа, КП.бр.914 КО Речица, КП.бр.941/20 КО Оровник, КП.бр.1311/3 и КП.бр. 1321 КО Долно Лакочереј, КП.бр.1362/1 КО Лескоец, 1438 КО Трпејца, КП. 1875 и 1874/1 КО Пештани, КП.бр. 1529/1 КО Трпејца, КП.бр. 1902/9 КО Лескоец, КП.бр. 1917 и КП.бр. 1919 КО Лескоец, КП.бр. 2122 КО Велестово, КП.бр.2153/3 КО Лескоец, КП.бр.2165 КО Лескоец, КП.бр.2210 КО Лескоец, КП.бр.2265/1 КО Лескоец, КП.бр.2357 КО Лескоец, КП.бр.2370/1 КО Охрид 4, КП.бр.2574/1 КО Долно Лакочереј, КП.бр. 3185 и КП.бр.3193/2 КО Коњско, КП.бр. 3185 и КП.бр.3193/2 КО Коњско, КП.бр. 3711/1 и КП.бр. 3712/1 КО Охрид 4, КП.бр. 3712/1 и КП.бр. 3709/2 КО Охрид 4, КП.бр. 7062/1 КО Охрид 1, КП.бр. 7063 КО Охрид 1, КП.бр. 8515 КО Охрид 2, КП.бр. 9391/3 КО Охрид 2, КП.бр. 10262/1 КО Охрид 2, и КП.бр. 10377 КО Охрид 2.