23/11/2024
Охрид

Завршна фаза на активностите за поставување на урбана опрема

Поставени се околу 100 нови клупи за седење и околу 90 нови корпи за отпадоци во централното градско подрачје и на неколку јавни локации во Охрид, како дел од активностите за поставување на нова урбана опрема.

Поставувањето на опремата се очекува да заврши во текот на  наредните денови, со монтирање на нови клупи за седење во стариот дел на градот.

Новата урбана опрема е обезбедена со средства од буџетот на Општина Охрид во вкупен износ од 2.252.000 денари.