30/11/2024
Македонија

Збогатување на туристичката понуда по Е-75 и подготовки за новата туристичка сезона

Институционалната соработка и координација помеѓу туристичките субјекти на локално ниво и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија продолжува со исто темпо и во 2019г.

За потенцијалите и можностите за развој на туризмот во Вардарскиот регион се разговараше на иницијалната средба со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, Љупчо Јаневски и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Збогатување на туристичките атракции околу езерото Маладост, развој на алтернативните форми за туризам и градење на туристички капацитети, се со една стратешка цел, а тоа е задржување на транзитните туристи во Велес и регионот.

Агенцијата за туризам оваа година фокусот го става на зголемена промоција на туристичките атракции по интернационалната магистрала Е-75, односно поставување на билборди низ Србија. И оваа година акцентот е ставен на реализација на интегриран маркетинг во кој ќе бидат вклучени традиционални и модерни промотивни канали. Промоцијата е збогатена со издавање на гастрономскиот водич и ставање во функција на мобилна апликација за поголема достапност на македонските туристички продукти.

Темите и идеите за кои се разговараше на состанокот со градоначалникот на општина Демир Капија, Лазар Петров, засегнатите локални субјекти и директоорт на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски, се во ист контекст. А се однесува на промоција на спортско качување со поставување на 120 насоки во 4 сектори, промоција на винскиот туризам, зајакнување на капацитетите во автокамп и еко туризам, изградба на авантуристички парк за 4 сезони на територија на општина Демир Капија.

Стратешкиот план на македонскиот туристичкиот сектор е зголемување на квалитетот на туристичката содржина, а не квантитет. За тоа говорат и последните извештаи од Еуросат во однос на остварени туристички ноќевања. Минатата година во Македонија имала најголемо зголемување на бројот на туристички ноќевања меѓу членките на ЕУ, европскиот економски простор и кандидатите за членство, со раст од 18,9 отсто во споредба со 2017г.