23/11/2024
Охрид

Здравевски: Младите заслужуваат да создаваат иднина дома, во Охрид

Кандидатот за советник во Советот на општина Охрид и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Александар Здравевски, денес одржа прес-конференција на која истакна:

„Младите заслужуваат да создаваат иднина дома, во Охрид.

Гарантираме работа, промени и создавање проекти со идниот градоначалник на нашиот Охрид, Д-р Кирил Пецаков.

ИЗГРАДБА НА МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР со библиотека, читална, простор за дебатен клуб, кариерен центар, простор за семинари, кафе бар кој освен за пауза идеален и за настапување на охридски бендови, а воедно и простор за учење, едукација и за забава на младите во секој период од годината.

СУБВЕНЦИОНИРАНИ КУРСЕВИ ПО ИНФОРМАТИКА, МАТЕМАТИКА И АНГЛИСКИ ЈАЗИК за невработени лица и студенти во Општина Охрид коишто живеат во семејства со ниски месечни примања или семејства во социјален ризик.

СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТАЛЕНТИРАНИ МЛАДИ ЛУЃЕ коишто покажуваат талент во одредена област и се истакнуваат на натпревари.

СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И СТУДЕНТИ кои се истакнуваат во образованието и ја планираат својата кариера во областа на туризмот во Охрид.

ОТВОРАЊЕ РЕАЛНИ КОМПАНИИ ВО СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА со цел младите да бидат што поподготвени за влез на пазарот на трудот.

ИЗГРАДБА И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕТСКИ СОВРЕМЕНИ ИГРАЛИШТА.

Заокружи 7 за Промени, Проекти, Победи!

7 за Младите и нивна светла иднина во Охрид!

7 за победа на Д-р Кирил Пецаков и советничко мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“!“ – истакна Здравевски.