22/11/2024
Охрид

Здружението на граѓани „Титоисти“ Охрид со честитка за 1ви Мај

По повод 1-ви Мај, Меѓународниот празник на трудот, Здружението на граѓани „Титоисти”, упатува најискрени честитки до граѓаните на Општина Охрид, како и на сите граѓани на нашата држава.

„Овој ден отсекогаш бил симбол на борбата за работничките права, и на изразувањето работничка солидарност. Денес, за жал, голем број граѓани не можат да го остварат едно од нивните основни права, правото на работа!

Поради тоа, 1-ви Мај силно не потсетува на потребата секојдневно да вложуваме максимални напори за промена на таквата состојба, затоа што правото на работа и правото на живот од неа, не се само цивилизациска придобивка туку и императив за залагање на целата заедница за нивно остварување!

Искрено ви посакуваме овој празник да го поминете во ведро расположение, во кругот на вашите семејства и пријатели. Исто така, ви посакуваме многу успеси во животот и во работата, со настојување со заеднички сили да изградиме подобар и поубав Охрид и перспективна Македонија, каде што секој поединец ќе има подеднакви можности да живее од својата чесна и посветена работа!“-стои во честитката.