Жена од Оровник барала паричен надоместок за време на вонредна состојба во Агенцијата за вработување
СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Н.(47) од с.Оровник – Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“.
На 04.06.2020 во Агенција за вработување – Подрачна единица Охрид, пријавената го побарала на увид документот „барање за остварување право на паричен надоместок за време на вонредна состојба“, кој претходниот ден, на 03.06.2020, доброволно и своерачно го потпишала во присуство на вработените и тој документ го искинала на делот каде била потпишана.