23/11/2024
Македонија

Жена од Приштина се удави во реката Треска

На 07.07.2018 година во 16.55 часот, телефонски во Единицата за информации и команда -Скопје,  граѓанин пријавил дека во Сарај, во водите на реката Треска, во непосредна близина на угостителски објект забележал женско лице како се дави и бара помош. Од страна на граѓани жената била извадено на брегот и според пријавата на граѓанинот,  се уште давала знаци на живот. Но, кога пристигнала Итна медицинска помош, од страна на доктор констатирана е смрт. Лицето е идентификувано и утврдено е дека се работи за М. Ц. (31) од Приштина-Косово, која била на гости кај нејзината сестра во Скопје. Според пријавеното, несреќниот настан се случил  додека двете сестри се шетале покрај Треска,  М.Ц се лизнала и паднала во водата .Увид извршен од Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина .