Жена падна од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“
Денеска во 11:10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Во врска со настанот, во 11:45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени од слобода се А.Д.(32) и Е.М.(21) двајцата од Охрид.
На местото на настанот, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот.
WebOhrid / 08.03.2024 / СВР Охрид