Зголемена акивност на Територијалната противпожарна единица
Поради високиот број на пожари во првото тримесечие од тековната година, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) имала редкордни 135 интервенции во успешно гасење на пожарите, на територијата на општините Охрид и Дебрца. Од нив, седумдесет интервенции биле на опожарени објекти, 71 на гасење на пожари на отворен простор и 4 интервенции на опожарени сообраќајни средства.
Високиот број на интервенции за овој период од годината е највисок за последните 14 години и во најголем број случаи е резултат на небрежност и непочитување на законските одредби. Доколку лицата кои користат уреди, средства и отворен оган за одредени активности, должни се тоа да го прават на начин да ја обезбедат околината и да не предизвикуваат пожари или експлозии.
Од ТППЕ упатуваат апел до граѓаните, да не палат оган во посевите и стрништата и предупредуваат на високите казни за предизвикувачите на пожари.