22/11/2024
Македонија

Зголемени водотеците по последните врнежи од дожд

Од УХМР известуваат дека изминативе 24 часа на територијата на Република Македонија паднаа нови врнежи од дожд. Овие нови количини ги зголемија водостоите на сите водотеци во земјата, особено покачување се бележи на водотеците од западниот дел на земјата. Според податоците од терен најголеми промени на водостојот се бележат на р.Радика-Бошков Мост, р.Сатеска – Ботун, р.Вардар – Јегуновце.

Според најавата на УХМР, и понатаму не очекуваат обилни врнежи од дожд, па соодветно на тоа на територијата на Република Македонија ќе продолжи покачувањето на водостоите на сите водотеци. Најголеми покачувања се очекуваат во западните и југозападните делови од државата, северните, а во текот на наредните 24 часа и на останатиот дел од државата.

Поради високите водостои на одредени критични места можна е појава на излевање на реките р.Радика, р.Црн Дрим, р.Сатеска, р.Вардар – горен тек, како и нивните притоки. Поради тоа предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

Од добиените информации од терен се забележува дека на планините каде има снежна покривка, врнежите се од дожд, па така приносот на вода во речните корита и суводолици е по изразен и тоа особено во делови околу Бистра, Шар Планина, Стогово, Кораб, Јабланица, Баба. Поради ова се очекува брз пораст во реките Треска, Радика, Сатеска, Кичевска, Горен трек на Вардар и нивните притоки.

Од ЕЛЕМ информираат дека акумулациите имаат доволно резерви слободен простор да го примат овој воден бран.