Зголемување на цените на мазутот и екстра лесното масло за домаќинство
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,20%.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), остануваат исти во однос на цените утврдени со Одлуката од 22.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 69,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,014 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.07.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 34,181 ден/кг.