17/02/2025
Охрид

Зимско одржување на сообраќајниците

Eкипите на ЈП „Охридски Комуналец“ синоќа интервенираа низ сообраќајниците во градот и планинските села Рамне, Велестово, Коњско и Елшани со посипување на абразивни средства. Со промена на временската ситуација и паѓањето на температурата под нула, како и провејувањето на слаб снег, се зголеми опасноста од појава на голомразица и отежнато движење на возилата и пешаците.

Дежурните екипи согласно Програмата за зимско одржување веднаш излегоа на терен и дејствувано е на сите сообраќајници, со посебен акцент на стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев„ (Бараки) и местата каде има остри и тесни свиоци и големи наклони.