Жител од Гостивар крадел во службени простории и деловни субјекти во Охрид
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од с. Врапчишта, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „тешка кражба“.
Џ.И. делата ги сторил во периодот од 29.11. до 04.12.2017 година во Охрид, откако претходно побегнал од воспитно поправниот дом во Тетово. Тој, со употреба на сила и подесен алат, метална шипка, успеал да влезе во службени простории на неколку деловни субјекти во Охрид.
На 29.11.2917 пријавениот, со кршење на стаклото влегол во книжара на улица „Св.Климент Охридски“ од каде одзел 13.000 денари. Истиот ден, на ист начин, Џ.И. влегол во канцеларија на приватна фирма на булевар „Туристичка“ во Охрид од каде бесправно одзел 13.000 денари. На 30.11.2017 пријавениот влегол во месара во близина на градскиот пазар и од касата одзел 5.000 денари, а потоа и во канцеларија на уште една приватна фирма на булевар „Туристичка“ од каде одзел 400 денари. На 04.12.2017 година пријавениот се обидел да влезе во парфимерија и пицерија на улица „Св.Климент Охридски“, но не успеал бидејќи се вклучил безбедносниот аларм, по што веднаш избегал.