Жител од Гостивар крадел пари и одземал возила низ Струга
Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од Гостивар поради постоење онови на сомнение за сторени пет кривични дела и тоа: три кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „одземање на моторно возило “.
Џ.И. на 07.11.2017 година во канцеларија на такси компанија одзел пари и два пара клучеви од возило, а потоа одзел патничко возило „Опел Астра” кое било паркирано пред канцеларијата. На 17.11.2017 година во автомеханичарска работилница одзел 1.000 денари. Истиот ден, во салон за керамички плочки одзел клучеви од патничко возило паркирано пред салонот, го запалил и се упатил во непознат правец со што причинил матерјална штета од 250.000 денари .