22/11/2024
Охрид

Жител од Јанковец нападнал службено лице од „Македонски шуми“

На 19-ти овој месец, во 04 часот и 40 минути, на магистралниот пат Охрид-Битола, М.Л. од ресенското село Јанковец, извршил казнени дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „физички напад“.

Тој, управувал патнички автомобил марка „Застава 101“ натоварен со огревни дрвја и кај селото Куратица се обидел да ја избегне контролата на овластените лица од Јавното претпријатие „Македонски шуми“, притоа ја зголемил брзината на движење и со автомобилот се обидел да избега кон селото Свиништа.

Откако бил престигнат и сопрен, М.Л. физички го нападнал М.Ј. – овластено службено лице од „Македонски шуми“ по што веднаш избегал.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот.