Жител од Кавадарци крадел во станови во Охрид
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против И.С.(37) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело, “тешка кражба“ и три кривични дела “тешка кражба во обид“.
Во периодот од 26 минатиот месец до 10-ти овој месец на подрачјето на Охрид, во четири стана, пријавениот, со употреба на подесен алат делувал влегувал внатре и од еден од становите одзел 24.000 денари, 300 евра и златен привезок.