26/11/2024
Струга

Жител од Лабуништа агресивно се однесувал кон полициски службеник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.М.(49) од село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 06.05.2019 година на ул.,,Пролетерски Бригади“ во Струга пријавениот агресивно се однесувал кон полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.