26/11/2024
Струга

Жител од Лабуништа почина на пат кон Ургентен центар

На 28.12.2019 гoдина околу 13:00 часот, во полициското одделение Велешта, пријавено е дека во Медицинскиот центар во Вевчани, со тешки телесни повреди е донесен М.М.(51) од струшкото село Лабуништа кој поради сериозни повреди бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а потоа со медицинско возило е транспортиран за Ургентен центар во Скопје.

Во тек на транспортот, тој им подлегнал на повредите. По преземени мерки, утврдено е дека М.М. изведувал градежни работи во двор од семејната куќа во Лабуништа при што паднал од висина.

По наредба на Јавен обвинител, извршена е обдукција и притоа, не се утврдени траги на насилство.