Жител од Ливада со остар предмет нападнал жител од Велешта во казино
На 27.11.2022 во 05.15 часот во Струга од полициски службеници од Полициската станица Струга бил лишен од слобода Б.Д.(41) од с.Ливада-струшко, затоа што околу 04.40 часот во казино во Струга со остар предмет го нападнал А.С.(31) од с.Велешта-струшко. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.