Жител од Октиси непостапувал според здравствени прописи за време на епидемија
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против М.Д.(45) од с.Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
На 05.06.2020 во близина на Струга, за време на забрана за движење, полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи без соодветна дозвола.