Жител од Октиси пронајден починат во својот дом
На 03.02.2024 година во 16:15 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека во својот дом во струшкото село Октиси, бил пронајден починат М.У.(66) од истото село.
Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
WebOhrid / 04.02.2024 / СВР Охрид