Жител од струшко Шум повреден од залутан куршум
На 29.12.2017 година околу 18:15 часот во село Шум-Струга, во дворот од сопствената куќа, од залутан куршум во пределот на ногата бил повреден Д. К. (48).
Тој бил пренесен во Медицинскиот центар -Струга, каде е извршена хируршка интервенција, по што е пуштен на домашно лекување. Увид извршила екипа на Полициската станица -Струга.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.