Жител од Трпејца лишен од слобода поради незаконит риболов
На 02.12.2020 полициски службеници од СВР Охрид на брегот кај плажата „Акапулко“, го лишија од слобода А.Б.(38) од охридското село Трпејца, поради извршен незаконит риболов во водите на Охридското езеро.
При преглед на пловниот чамец, пронајдени се 143 парчиња риба белвица, осум рибарски мрежи и друг риболовен алат, кои се предадени на Хидробиолошкиот завод.
По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.