27/11/2024
Охрид

Жител од Велешта нападнат во Охрид

На 24 декември оваа година, во СВР Охрид, Ф.И. (45) од струшкото село Велешта, пријави нарушен јавен ред и мир, случен на 13 декември оваа година.

Според пријавата, нарушувањето се случило во 17 часот и 20 минути на пресекот на булевар „Туристичка“ со улицата „Абас Емин“ во Охрид, кога, бил физички нападнат од Р.М. од селото Лешани општина Дебрца. По нападот, него му била укажана лекарска помош, по што, пет дена бил задржан на болничко лекување.