Жител од Велешта упатувал закани кон повеќе вработени во Општина Струга
На 17.07.2019 година во 20:00 часот, вработен во Локалната самоуправа во Струга, во полициската станица во Струга, пријави вербални закани упатени од Б.К. од селото Велешта кон повеќе вработени во Општината.
По целосно документирање на настанот, полициската станица ќе поднесе соодветна пријава.