Жителите од Велмеј бараат ЈПК Дебрца навремено да го подигнува отпадот
Преполни контејнери и ѓубре кое го разнесле на сите страни селските кучиња е слика која ќе ја видите во с.Велмеј последниве две недели, велат револтирани жители од с.Велмеј во допис испратен до нашата редакција.
„Јавното комунално претпријатие изгледа заборавило која е неговата основна должност, да не се собира отпадот во селото речиси стана пракса. Сметките доаѓаат редовно, тоа не го забораваат. Плаќаме услуга за собирање на отпад, а таа услуга ја вршите нередовно, а ако ние нашата обврска за плаќање на сметката не ја извршиме навремено следува присилна наплата“. – додаваат револтираните жители на Велмеј.