30/11/2024
Охрид

Жителка од Ресен бесправно градела во Охрид и поднесувала лажни докази

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Џ. (71) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “бесправно градење“ и “поднесување лажни докази“.

Пријавената во текот на 2017 година во Охрид, во населба Елешец, како сопственик и инвеститор, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, изградила семејна куќа, за што во управна постапка при поднесување на барање за легализација на бесправно изграден објект, дала изјава, заверена кај нотар, дека објектот е изграден во 2010 година. Во врска со барањето за легализација, службени лица при Општина Охрид констатирале дека постои започнат објект, на кој што и биле поставени само бетонско армирани столбови.