20/11/2024
Охрид

Златен и бронзен медал на 57. Детски Рацинови средби за ученички од ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид

За Рацин кој го наследивме достојно му се оддолживме на 57. Детски Рацинови Средби творејќи за бесмртниот црвен поет, чекорејќи по црвените нијанси на Рациновата безвременост и говорејќи под блесокот на незгасливите мугри.

Прва награда и златен медал за Сара Петкоска (IV-3) на натпреварот во ораторство „Мене и душата ми е црвена“.

Трета награда и бронзен медал за Симона Димитриеска (II-7) на меѓународниот поетски конкурс „Мене и душата ми е црвена“.

Ментор проф. м-р Перчо Божиновски.

На сите душата ни е црвена за Рацин, за Македонија!


WebOhrid / 19.11.2024 / ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид