23/11/2024
Охрид

Значително намалување на сообраќајните незгоди во државата и на територија на СВР Охрид

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (11.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Дебар и Охрид, при што санкционирани се 115 возачи, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Охрид.

„Изречени се 59 санкции во Охрид, а 66 во Дебар. Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви. Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди. И на територијата на СВР Охрид е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, осбено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 43 отсто.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.“ – истакна Ангеловски.

https://youtu.be/fnuR47Wt79Q