ЗП „Великамен“ и здружението на глуви и наглуви организираа планинарска акција на Магаро
Изминатиот викенд, Здружението на планинари „Великамен“ заедно со заедно со здружението на глуви и наглуви организираше планинарска акција на врвот Магаро.
По двете акции со децата со посебни потреби од здружението „Тајните на моето срце”, ЗП „Великамен“ продолжува со својата мисија за вклучување на специфични граѓански групи во своите редовни активности.
„Ни претставува огромна чест и големо задоволство што сите наши досегашни акции од овој вид беа успешни и посетени. Остануваме отворени за соработка со други здруженија на граѓани“, велат водичите Бобан Блажевски и Христијан Ламбевски, организатори на акцијата.
Настанот беше реализиран во насока на промовирање на спортски начин на живеење како и негување на природата, а целта на акцијата беше подигнување на свеста за лицата со попреченост, како и нивна поголема вклученост во сите сфери на општеството, ни соопштија организаторите.
Павел Донески
Магистер по односи со јавноста и екс новинар