30/12/2024
Македонија

Битиќи од компанијата Махагони: Државната помош за инвестиции ги подобрува производните капацитети на нашите компании

Заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети компанијата Махагони во Куманово која се бави со произвотство на мебел и е корисник на државна финансиска поддршка за инвестициски вложувања.

При посетата на фабриката специјализирана за дизајнирање и производство на висококвалитетен мебел од бука и храст, која успешно опстојува на пазарот веќе 28 години, вицепремиерот Битиќи беше пречекан од сопственикот Зоран Петровски, кој на вицепремиерот му ја раскажа животна приказна како рестел неговиот бизнис.

„Зоран започнал во семејна гаража од 25 метри квадратни а денес води фабрика од 3000 метри квадратни, и таа е иднината која што сакаме да им ја преставиме на младите сограѓани. Махагони е извозно ориентирана компанија која 70% од своето прозиводство го пласира на пазарите во Хрватска, Србија, Словенија, Германија и во Канада“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека Владата ја поддржува оваа компанија веќе во нивниот втор инвестициски циклус, со втор договор според кој минималната инвестиција изнесува 17 милиони и 400 илјади денари, за финансиска поддршка за инвестициски вложувања во деловен објект, опрема и машини, со цел проширување и подобрување на производните капацитети, и нови производи со современ и подобар квалитет, што оваа домашна компанија ја прават поконкурентна.
„Првиот договор за финансиска поддршка на компании со Махагони го потпишавме во 2021 година, пост ковид година, што значи дека се охрабриле и инвестирале во развој во време на криза. Ја добија поддршката тогаш, ја добиваат и сега и тоа така ќе продолжи.

Портфолиото на компании, како Махагони,  кои ги поддржуваме во нивните инвестиции се шири и веќе брои над 600 компании“, рече Битиќи.

Вицепремиерот информираше дека оваа година беше исплатена рекордна финансиска поддршка од 23 милиони евра, државна помош по Законот за финансиска поддршка на компании, со кои ги поддржуваме за инвестиции кои ја зголемуваат нивната конкурентност преку нови производствени процеси, воведување на нови технологии и креирање на подобро платени работни места.

Сопственикот Зоран Петровски, се заблагодари за државната помош која им е важна за унапредување на производниот процес.

„Државната помош, на нашата компанија и значи многу особено во делот за унапредување на производствениот процес, туку и за набавка на современи машини и современа опрема, модернизирање на производството и заштеда на енергија„ изјави Петровски.