Вицепремиерот Османи: Евроатлантските перспективи на земјата се јасни, како Влада остануваме целосно посветени на ефикасно спроведување на сите реформи и исполнување на обврските
Вицепремиерот за европски прашања и главен политички преговарач Бујар Османи, и посебниот советник за евро-атлантски интеграции во Канцеларијата на претседателот на Владата, и заменик на главниот политички преговарач, Бојан Маричиќ, денес во Секретаријатот за европски прашања остварија заедничка средба со Амбасадорот на Кралството Холандија Вилем Ваутер Пломп и неговиот тим.
На состанокот се отворија теми поврзани со активностите на Владата во насока на подготовка за почеток на пристапните преговори, при што вицепремиерот Османи ја потенцираше и интензивната работа на подготовката на тимот и структурата за преговори.
Вицепремиерот Османи истакна дека Република Македонија интензивно ќе продолжи и со реформските процеси, особено во делот на судството, безбедносните служби и јавната администрација, како и во делот за борбата против организираниот криминал и корупција, но нема да ги изостави и рефромитево сите останати клучни области.
Соговорниците посебно се осврнаа на претстојниот референдум, при што вицепремиерот ја потенцираше улогата и одговорноста на политичарите, но и на секој поединец за донесување правилна одлука во интерес на иднината на Македонија: „Евро-атлантските перспективи на Владата се недвосмислени и цврсти. Ние сите целосно сме посветени на имплементацијата на превземените обврски а уверен сум дека и граѓаните на Република Македонија ќе донесат правилни одлики за иднината на земјата„ – истакна Османи на состанокот.
На крајот на состанокот вицепремиерот Османи, изрази очекување дека добрите односите меѓу двете земји како и искрената поддршка од страна на Кралството Холандија за нашите евро-атлантски перспективи ќе продолжи со ист интензитет како и сите години наназад, особено во овој клучен период за иднината на земјата.