26/11/2024
Македонија

Вицепремиерот Османи заедно со министерот Филипче на примопредавање на јапонската помош во повеќе клиники во Скопје

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор за распределба на странска помош во Република Македонија, заедно со Министерот за здравство, Венко Филипче, а во присуство и на амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, Кеико Ханеда присуствуваа на примопредавањето на опремата и реновирањата обезбедени со грант, неповратни средства од страна на Владата на Јапонија.

„Ми претставува особено задоволство, што денеска ја имам таа чест, да бидам домаќин на Нејзината Екселенција, Амбасадорката на Јапонија во Република Македонија Кеико Ханеда, овде во Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, каде сè уште активно работам. Задоволството е секако уште поголемо, ако се има предвид дека токму со несебичната помош од Владата на Јапонија, но и со несебичното залагање на нејзината екселенција Ханеда, денес ги имаме овие услови за работа што ги гледате овде, а кои се секако најважни за нашите пациенти.“ – истакна Османи, посочувајќи и на опремата и реновирањата кои од истиот грант ги добија и Институтот за респираторни болести кај деца – Козле, како и Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.

Во продолжение Османи посочи на дека од осамостојувањето, Јапонија има обезбедено голема поддршка преку официјалната развојна помош во повеќе значајни сектори, клучни за постигнување на нашите реформски процеси и стратешки цели како здравство, образование, развој на локалните заедници во износ од над 420 милиони евра, за што истакна посебна благодарност до Владата на Јапонија, но и лично до амбасадорката Ханеда, за нејзиниот личен придонес во успешната реализација на оваа помош.

Денес на универзитетските клиники беше официјално пуштена во работа три проекти кои се дел од вкупно деветте за кои во март оваа година беа потпишани договори во рамки на Грант програмата за мали проекти за основни човекови потреби за чие спроведување Јапонската Влада обезбеди средства во износ од 428.066 евра.