Владата го усвои Предлог-буџетот за 2022 година
Владата на Република Северна Македонија на 116-тата редовна седница, којашто се одржа на 30 октомври, поради запазување на роковите за донесување, го усвои Предлог-буџетот за 2022 година.
Поради изборниот молк, соопштението за усвоениот Предлог-буџет се објавува денеска, 1 ноември, а во следниот период ќе биде објавена и детална презентција.
Усвоениот Предлог-буџет, заедно со утврдениот Предлог-закон за извршување на Буџетот за 2022 година, ќе бидат доставени на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.