27/12/2024
Македонија

Владата ќе ја покрие разликата во цената на парното – заштитата на домаќинствата е приоритет

Владата на Република Северна Македонија на денешната 20-та седница, којашто се одржа преку видеоконференциска врска донесе одлука да се измени Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.

Со оваа измена се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.

Согласно оваа мерка, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата.