21/12/2024
Македонија

Владина делегација оддаде почит на спомен обележјата посветени на Илинден во Крушево

Владината делегација предводена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во Македониумот на Гумење – Крушево.

Делегацијата оддаде почит и положи венци свежо цвеќе на историските спомен обележја посветени на Илинден во Крушево, на споменикот на Слива, кој претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република, а присуствуваше и на Панихида којашто традиционално се организира секоја година во чест на загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола во Крушево“.

На крај делегацијата присуствуваше на централната манифестација на Мечкин Камен и обраќањето на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Годинава, под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“, годинава, се одбележува 2ри Август- Денот на Републиката – Илинден.

Државни делегации, денешниот голем национален празник го чествуваат на повеќе локации во чест на поставувањето на темелите на нашата државност и со оддавање почит на борците за самостојна и слободна држава.