27/11/2024
Македонија

Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев по повод „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“

По повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, делегација на Владата на Република Северна Македонија составена од националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Драган Василевски, денеска положи свежо цвеќе и оддадe почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.

Република Северна Македонија денеска го чествува „23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба“, како симбол на стремежите за сувереност и државност, но и храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност.