27/11/2024
Македонија

Владина делегација положи цвеќе на гробот на претседателот Глигоров по повод 10 годишнината од неговото упокојување

Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања Калинка Габер, денеска положи цвеќе на гробот на претседателот Киро Глигоров.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров кој на 8 септември 1991 година, после успешниот референдум ја прогласи независноста на државата.

Претседателот Глигоров беше првиот македонски претседател кој се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации на 8 април 1993 кога Република Македонија стана 181 членка на ОН