30/11/2024
Македонија

Во последните седум дена инспекциските служби извршија 4.716 контроли, седум угостителски објекти добија забрана за вршење дејност

Во период од 26.10.2020 до 01.11.2020 година сите инспекциски служби во рамки на своите надлежности извршија вкупно 4.716 контроли од кои 1.750  се инспекциски надзори. Во овој период Државниот пазарен инспекторат ( ДПИ ) спроведе 2.966 контроли и 588 надзори. Контролите се спроведени според Закон за заштита на населението од заразни болести, Закон за заштита на потрошувачи, Закон за трговија, Закон за нерегистрирана дејност, Закон за угостителска дејност, Закон за градежни материјали,  Закон за занаетчиска дејност, Закон за енергетика, Закон за метрологија, Закон за безбедност на производите и Закон за заштита од пушењето.

При тоа, ДПИ изрече решенија за забрана за вршење дејност на седум објекти во Гостивар, Битола,Скопје и Куманово. Прекршувањата се во делот на непочитување на здравствените протоколи, односно одржување на прослави, за непочитување за растојание помеѓу маси и носење маски. При контролите ДПИ изрече 65 решенија и тоа 4 решенија по Закон за заштита на населението од заразни болести (Скопје- 49 решенија по Закон за финансиска дисциплина- 3 решенија по Закон за нерегистрирана дејност- 1 решенија по Закон за трговија- 2 решенија по Закон за угостителска дејност- 1 решение по Закон за заштита на потрошувачи).

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во истиот период изврши 91 надзор, при што изречени се 10.553 решенија,од кои 10.538 се за изолација на болни од КОВИД19 и контакти на болни од КОВИД-19, а 15 решенија се за констатирани неправилности по спроведен надзор.

Инспекторатот за труд во изминатата недела спроведе 572 надзори, при што издадени се 30 решенија за отсуство на ознаки за дизенфекција, промотивни материали за носење заштитни маски, евиденција на работно време, лична заштита на вработени и други непарвилности по материјалните закони.
Во истиот период Инспекторатот за транспорт изврши 66 надзори, при што изречени 4 кривични пријави за непочитување на здравствените протоколи и тоа:  2 за непочитување на на Протоколот за вршење на меѓународен превоз на патници на граничен премин Деве Баир и една на граничен премин Табановце  во Штип и Струмица за непочитување на Протоколот за вршење на меѓуградски превоз на патници. Инспекторатот изрече и 5 прекршочни пријави, а издадени се 14 решенија и 3 платни налози.

Во периодот од од 26.10.2020 до 01.11.2020 година, Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД спроведе 39 надзори во аптеки во целата држава, по основ почитување на мерките на Владата на РСМ во однос на издавање на антибиотици и проверка на податоци за формирани цени на заштитни средства од корона вирус . При тоа не се констатирани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите.

Инспекторатот на Агенцијата за храна и ветеринарство во истиот период спроведе 394 надзори во однос на спроведување на мерките по Закон за заштита на населението од заразни болести,а останати контроли се по закон за безбедност на храна. При тоа издадени се 4 решенија, еден платен налог и спроведени 28 едукации. Констатирани недостатоци за неизвршени здравствени прегледи,неспроведување на општи хигиенски мерки,нерегистриран објект, производ со поминат рок.

​Од минатата недела согласно измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, сите инспекциски служби веќе постапуваат според  новите  поголеми овластувања при постапување со прекршителите на здравстевните протоколи. Односно според новото законско решение, доколку на терен инспекторите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент ќе му се изрече привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен. Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. За микро, мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорен на правно лице, трговец поединец или физичко лице.