Втората јавна дебата за Предлог- законот за остварување на јавниот интерес во културата ќе се одржи на 13 декември
Министерството за култура на 13 декември (четврток) од 10 часот во Кинотеката на Македонија ќе ја организира втората јавна дебата во врска со текстот на Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата …
Сите чинители во дејноста на културата може да ја разгледаат последната верзија на Предлог-законот во левата колона на насловната страница на веб-порталот на Министерството за култура, како и на врската: Предлог-закон за јавен интерес во културата.
Во оваа верзија се вклучени дел од забелешките и предлозите што беа добиени по одржувањето на првата јавна расправа, во јуни 2018 година.
Ги покануваме сите заинтересирани субјекти од институционалната и од вонинституционалната сфера во културата да учествуваат и да дадат придонес и на втората дебата, в четврток …