Македонија Вчера вкупно се вакцинирале 7.720 граѓани 18/06/2021 Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 473.853 дози вакцини, а ревакцинирани се 199.143 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 7.720 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 5.834 граѓани. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 454.104 граѓани. Со последните бројки 50% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Со последните бројки 45% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина Со последните бројки 38% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација. Facebook Messenger Twitter Gmail Viber Print