23/11/2024
Македонија

Денеска потврдени само 5 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 95 пациенти, починати се 2 лица

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти во: Скопје-32, Куманово-38, Прилеп-16, Тетово-2, Велес-7.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29 мај на пат кон болницата во Охрид. Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот. 

Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1.

Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се сеуште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување. Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482. Последната дистрибуција по градови е следна:
•       Скопје – 511
       Куманово – 401
       Дебар – 51
       Штип-34
       Прилеп –158
       Тетово – 86
       Струга – 67
       Велес – 77
       Битола –19
       Охрид –15
       Кавадарци – 5  
       Гостивар –17
       Гевгелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-5 
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 31
       Пробиштип – 2
       Кичево – 2
       Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) 
       Демир Хисар – 1
       Македонски Брод -2
       Пехчево- 2
       Делчево-1
       Валандово -1
       Виница – 2
Направените 249  теста се преку: ИЈЗ –224, Ветеринарен ф-тет -0, Авицена –0, Биотек -11, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со PCR метода  -6 и МАНУ -3.  Досега во земјата се направени вкупно 17246 тестирања на ковид -19. 

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 39. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1 пациент. 

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 23 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 5 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се примени 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 44 позитивни и суспектни на ковид-19.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска нема да одржи прес-конференција, меѓутоа Службата за односи со јавноста ќе одговори на поставените прашања од страна на медиумите.