Денеска се потврдени 19 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 16 пациенти, починаа 4 лица
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје 7, Куманово 1, Тетово 3, Велес 1, Кочани 1 и Неготино 3.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65г) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71г), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73г) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41г) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.
Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 11, Куманово 2, Прилеп 1, Тетово 1, Велес 1, Гостивар 1, Струмица 1 и Виница 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.
Последната дистрибуција по градови е:
- Скопје 647, активни 145
- Куманово 418, активни 22
- Дебар 51, активни 0
- Штип 38, активни 4
- Прилеп 203, активни 59
- Тетово 151, активни 63
- Струга 71, активни 5
- Велес 126, активни 53
- Битола 27, активни 8
- Охрид 21, активни 6
- Кавадарци 5, активни 0
- Гостивар 21, активни 4
- Гевгелија 4, активни 0
- Струмица 3, активни 1
- Крива Паланка 6, активни 1
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 31, активни 3
- Пробиштип 2, активни 0
- Кичево 2, активни 0
- Неготино 9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 2, активни 0
- Пехчево 3, активни 1
- Делчево 1, активни 0
- Валандово 1, активни 0
- Виница 3, активни 1
- Кратово 2, активни 1
- Берово 1, активни 1
- Свети Николе 1, активни 1
Направените 512 теста се преку: ИЈЗ 235, Ветеринарен факултет 15, Авицена 15, Биотек 48, Филип Втори (Жан Митрев) 53, Систина со PCR метода 31 и МАНУ 115. Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на КОВИД-19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19 во Битола.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се 5 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани 25 пациенти. На респиратор се 2, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.