26/11/2024
Македонија

Досега 4000 здравствени работници пријавени за вакцинација, почнуваме во среда со медицинскиот тим во модуларната болница во Клинички центар

Министерството за здравство информира дека досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација против КОВИД-19. Од нив, околу 2000 здравствени работници се во градот Скопје, а останатите се во другите градови.

Со денешната прва пратка на вакцините од компанијата Фајзер кои пристигнаа од Република Србија ја почнуваме вакцинацијата во Северна Македонија.

Македонскиот здравствен систем е целосно спремен за имунизација на населението. Први ќе се вакцинираат здравствените работници во модуларната болница во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Првите 4680 од вкупно 8000 вакцини од Србија се сместени во фрижидерите во Институтот за трансфузиологија.

Вакцините се развиени на безбедни платформи и со истите ќе го спречиме ширењето на КОВИД-19 вирусот.