27/12/2024
Дебрца

Жител од Дебрца заработи кривична поради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(62) од с.Белчишта-Дебрца и правно лице од с.Лешани-Дебрца, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

На 14.10.2020 на ул.„Туристичка“ при извршена контрола на автобус „ивеко“, сопственост на пријавеното правно лице, а управувано од С.Т., било констатирано дека возилото е наменето за превоз на 31 патник, а во моментот врши превоз на 27 патници со што е прекршена Одлуката на Владата на РСМ за време на пандемија да се врши меѓуградски превоз со исполнетост од максимум 75% од капацитетот на возилата.