24/11/2024
Македонија

Заев од 24. Конгрес: Имаме политички пресврт- сите етнички заедници застануваме заедно зад една програма, зад исти вредности

На 24. Конгрес на СДСМ, претседателот Зоран Заев зборуваше и за новите стандарди во концептот Едно општество за сите, кој се зацврстува со коалицијата со Движењето Беса.

„Ова е чесен, домаќински и одговорен пристап, препознаен, автентичен, македонски модел за напредок – затоа различните политички субјекти и заедници се приклучуваат кон коалицијата што ние ја предводиме. На овие избори за првпат имаме целосно мултиетничка коалиција предводена од СДСМ. Отворено, транспарентно пред граѓаните, пред гласачите настапуваме со заеднички пратенички листи и покажуваме дека Можеме заедно. И после победата на 12 април продолжуваме заедно со граѓаните. Напредокот, економскиот раст, интеграцијата, продолжуваат уште повеќе“, говореше Заев.

Тој порача дека македонската иднина е сигурна и дека државата оди цврсто по правиот пат.

Ова се заложби и вредности за кои првпат се обединија сите етнички заедници. За прв пат имаме позитивен политички пресврт во нашата земја. Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите други застануваме ЗАЕДНО зад Програмата која носи промени на уште подобро“, оптимист е претседателот Заев.

Заев изрази уверување дека програмата „Можеме! Уште подобро, уште повеќе“ на СДСМ е следната владина програма.

„Затоа, пред делегатите е многу важна работа, да ја дефинираат понудата со персонални решенија, кандидати за пратеници кои треба да ја донесат победата. Имиња кои ќе ја имаат честа и одговорноста нашата програма да ја реализираат низ институциите. И затоа ниту еден овде во салата, ниту еден надвор од неа,никој нема дилеми кој ќе ја предводи Владата во следните четири години. Нема враќање назад. Сега МОЖЕМЕ уште побрзо. Уште повеќе. Уште подобро. Сега е моментот. Да потврдиме. Да забрзаме. А тоа го знаеме, го умееме и го можеме“, заклучи Заев пред членовите на партискиот Конгрес.