26/11/2024
Македонија

Заев, Филипче и кинескиот амбасадор Ѕуо: Во земјата сега има доволен број и безбедни вакцини за непречена масовна имунизација

Премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на НР Кина во Северна Македонија Џанг Ѕуо, денеска го посетија вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“.

Премиерот, министерот и амбасадорот разговараа со граѓаните кои интензивно се вакцинираат и со медицинскиот персонал кој го спроведува процесот на вакцинација. Притоа се информираа за текот и дневниот капацитет кој го овозможува оваа поликлиника за непречено вакцинирање на нашите граѓани.

По посетата, неговата екселенција амбaсадорот Ѕуо даде изјава која ви ја пренесуваме интегрално:

„Ваша екселенцијo премиер Заев, министер Филипче,

Дами и господа,

Добар ден!

Задоволство е да присуствувам на овој настан тука пред поликлиниката „Јане Сандански“ по покана од премиерот Заев. Драго ни е што сме сведоци дека 200.000 дози вакцини од Синофарм КОВИД-19 и се од помош на Северна Македонија за да изврши масовна вакцинација. Како што сме сведоци и премиерот Заев само што беше вакциниран со вакцината Синофарм, што е уште еден пример за пријателски односи меѓу Кина и Северна Македонија, демонстрирајќи ја целосната македонска доверба во кинеската вакцина која ја одразува добрата волја на Кина за активна поддршка на Северна Македонија во заедничка борба против епидемијата!

Неодамна, преку видео врска претседателот Си Џинпинг и премиерот Заев, заедно со други лидери, присуствуваа на Самитот Кина-CEEC, со што се обезбеди важно планирање и лидерство за развој на механизмот за соработка, а исто така даде силен поттик за соработката на Кина со Северна Македонија и другите земји од Централна и Источна Европа во борбата против епидемијата.

Покрај сегашната огромна домашна побарувачка за вакцини, Кина ги надмина тешкотиите и обезбеди поддршка за Северна Македонија и другите земји, се со цел да работиме заедно за да изградиме заедница за заедничка иднина за човештвото.

Вакцината е моќно оружје за надминување на епидемијата и сите страни треба да ја зајакнат меѓународната соработка за вакцините за да не остане ниту една земја во која има потреба од истите.

Никој што чека вакцина не е заборавен. Кина е подготвена да продолжи да ги продлабочува практичните размени со Северна Македонија, да работиме заедно во борбата против епидемијата и да промовираме економско закрепнување за придобивки на нашите земји и народи.

Ви благодарам на сите!“